СО 98 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ, ВМРО-ДПМНЕ ИМА 59 ПРАТЕНИЦИ, ДУИ 19 И СДСМ 18

    СО 98 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ, ВМРО-ДПМНЕ ИМА 59 ПРАТЕНИЦИ, ДУИ 19 И СДСМ 18Од гласање во скопската општина Аеродром. (Фото: СДК.МК)

    По преброени 90 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 59 пратенички места,  тројно повеќе од СДСМ, кој има 18 пратенички места, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори.

    Повеќе пратенички места од СДСМ има коалицијата на ДУИ со 19 пратенички места, иако СДСМ освои 15 илјади гласови повеќе вкупно на ниво на држава. Следува коалицијата Влен со 13 пратенички места, Левица со 6 пратенички места и ЗНАМ со 5 пратенички места.

    За добивање мандат за составување влада се потребни 61 пратеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира