Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва по изборите кажа дека неговата партија е втора сила во државата.
„Од овој изборен циклус излегуваме со 19 мандати, а постои можност да имаме и 20“, рече Ахмети и додаде:
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на ВЛЕН, но разликата помеѓу Европскиот фронт и ВЛЕН е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.