Ахмети: Наш противник беше ВМРО-ДПМНЕ, но сепак освоивме 19 мандати

by fokus

Наш противни беше ВМРО-ДПМНЕ кој им помогна на „Вреди“, но разликата е над 30 илјади гласови, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната прес-конференција.

-Значи граѓаните Албанците, Турците, Бошњаците и Ромите кои беа дел од фронтот, се за бескомпромисно членство во Европска унија. Ние како Фронт од овој циклус излегуваме со 19 мандати, рече Ахмети.

Прес- конференцијата беше во славеничка атмосфера, но сепак „Вреди“ славеше и во Тетово и во Скопје на плоштадот „Скендербег“. Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, додека коалицијата „Вреди“ освоила 13 мандати. Но сепак челниците на опозициската коалиција велат дека од утре почнуваат преговори за влез во владата со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости