Ковачевски ја напушти прес конференцијата без да одговори на новинарските прашања

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, одржа прес-конференција, но не одговори на ниту едно новинарско прашање.

Ковачевски го призна поразот, им честиташе на противниците, а потоа по завршувањето на прес-конференцијата веднаш си замина од говорницата и така новинарите ги остави без можноста да постават прашања.

Ковачевски напомена дека е време СДСМ да избере нова структура, меѓу кои и претседател, но не образложи дали ова значи и негова оставка од функцијата прв човек на партијата.