Фото: РФМ/Фејсбук

Рракометната репрезентација на Македонија вечерва загуби од Фарските Острови со 27-34 (14-18) на гостувањето во Торшавн, во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со многу осцилации го одиграа првиот дел, дозволувајќи му на домаќинот во воведните 10 минути да стекне предност од плус пет голови (7-2), која Фарските Острови ја зачуваа до крајот на полувремето.

Македонските ракометари во вториот дел на моменти беа во негатива и од осум голови (18-26, 20-28).

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29-то по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.