Европа е дом на најголемите алкохоличари во светот!

167

Потрошувачката на алкохол во ЕУ е намалена за 0,5 литри помеѓу 2010 и 2020 година. Сепак, има неколку земји каде потрошувачката е зголемена. Кога станува збор за пиење, животните навики се чини дека во голема мера го променија нашиот однос со алкохолот на подобро.

Секоја година, секој човек на возраст од 15 и повеќе години во европскиот регион пие во просек по 9,5 литри чист алкохол. Ова е еквивалентно на 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри алкохолни пијалоци.

„Ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје“, предупредува Светската здравствена организација (СЗО), но количината на алкохол што ја пиеме е сепак значителна, пренесува Euronews.

Ризикот од развој на рак значително се зголемува кога се консумира повеќе алкохол. Здравствените власти ги повикуваат луѓето да престанат да пијат алкохол или барем да го намалат.

Но, дали навистина ги слушаме овие предупредувања?

Некои луѓе престануваат да пијат алкохол во јануари, за таканаречениот „сув јануари“. Бројките покажуваат пад на потрошувачката на алкохол во Европа, но веќе покажа знаци на забавување од 2000-тите.

Европа е дом на најголемите алкохоличари во светот

Вкупната потрошувачка на алкохол се дефинира како годишна продажба на чист алкохол во литри по лице на возраст над 15 години. Алкохолните пијалоци затоа се „претворени“ во чист алкохол. Податоците не вклучуваат неевидентирано консумирање алкохол, како домашно или нелегално производство.

Консумацијата на алкохол постепено се намалува во ЕУ и европскиот регион на СЗО.

Во ЕУ, вкупната потрошувачка на алкохол по лице на возраст од 15 и повеќе години е намалена за 2,9 литри во последните четири децении, од 12,7 литри во 1980 година на 9,8 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 23 проценти.

Потрошувачката на алкохол во Европскиот регион на СЗО, кој опфаќа 53 земји, вклучувајќи ја Русија и околните земји, падна од 12 литри во 2000 година на 9,5 литри во 2020 година, што одговара на намалување од 2,5 литри (21 процент).

И покрај овој пад, европскиот регион на СЗО сè уште има највисоко ниво на консумирање алкохол по лице во светот.