Гордана Силјановска Давкова 63,98% – Стево Пендаровски 29,76%

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси половина од гласачките ливчиња, води кандидаткaта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 293.397 (63,98%), а Стево Пендаровски од СДСМ има 136.478 (29,76%).

Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова води во 67 општини, а Пендаровски во 12.