Фото: Принтскрин/Јутуб-видео

Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција соопшти дека од половина од обработените гласови, коалицијата Европски фронт води со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата Вреди.

– Од 50 отсто преброени гласови, според прелиминарните резултати, разликата меѓу Европскиот фронт и опозицијата е над 30 илјади гласови. Речиси во сите општини сме во предност. Во Дебар 2-1, во Струга повеќе од 2-1, Кичево 5-1, Врапчиште повеќе од 2-1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково… , изјави Адеми.

Проценките на коалицијата се дека ќе имаат над 20 пратенички мандати.