Денеска победи Македонија и македонскиот народ!

Денеска победи Македонија и македонскиот народ, имаме убедлива предност и ќе направиме историска победа, изјави вечерва за телевизија Телма потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Мисајловски додаде дека нивната кандиодатка за претседателка на Република Македонија моментално води со 170 илјади гласови, наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски кој има околу 70 илјади.

Мисајловски му честиташе на граѓаните и истакна цензусот за избор на претседател е исполнет и покрај бокотот од страна на ДУИ и други парти, притоа додавајќи дека логото кое што го измислиле не им личи и не е дозволиво членка на НАТО да се остави без врховен командант.

Во однос на регистрираните нерегуларности Мисајловски е дециден, дека секој ќе одговоара за стореното.

-Ќе има одговорност за нерегуларностите, се што е забележано е пријавено и МВР ќе дејствува.