ДИК: Фер и демократски и успешно организирани избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија ги соопшти првите информација околу излезноста на изборите. ДИК ги оцени изборите како фер и демократски и успешно организирани.

„Изборите беа фер и демократски, успешно организирани, професионално спроведени, целосно испочитувани сите правила, процедури и постапки. Дадено е еднакво право на глас на сите и исполитувана е слободната волја на граѓаните. Благодарност до сите граѓани кои гласаа. И покрај тоа што имавме паралелни избори, ДИК ги спроведе професионално и според закон. До 18:30 часот пристигнати се податоци претседателски избори, гласале 46,31%, сега можеме дека е исполнет цензусот. Најголемата излезност во Новаци со 72,76%, најмала во Липково 7,35%. Споредено со првиот круг намалување од 3%. Парламентарни, излезноста е 53,30%. Најголема излезност има во Новаци 74,85%. Најмала излезност на парламентарни избори Центар Жупа 18,60%. Имаме зголемување од минатите избори од 7,43%“, изјави Александар Даштевски, претседателот на ДИК.