Битиќи за ТВ21: На избори ќе слушнеме што кажале граѓаните – „Дали некој повикал на тивок бојкот, сметам дека адресата е веќе позната“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фатмир Битиќи од СДСМ денеска пред камерата на ТВ21 даде прв коментар по завршувањето на гласањето за двојните избори.

Тој порача дека бил уште еден фер и демократски ден, и на избори ќе слушнат што кажале граѓаните.

„Дали некој повикал на тивок бојкот, сметам дека адресата е веќе позната. Сметам дека тоа не е демократски чин и не служи на една европска земја кандидат каде сакаме да живееме со европски вредности“, порача Битиќи.