Силјановска води пред Пендаровски со 87.000 наспроти 34.000 гласови, информираат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, има освоено 86. 688 гласови наспроти 34.450 гласови кои ги добил кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Ова се првичните неофицијални податоци од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, на пребројани околу 8% од избирачките места, односно 2,3% од избирачите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, на тој примерок, избројани се и 5. 137 неважечки гласачки ливчиња, односно околу 4,07% од вкупниот број гласачки ливчиња.

Поврзани новости