Таравари очекува „историска победа“: Откриен е поткуп од оџи и функционери на ДУИ

by Фокус

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ – рече Таравари.

На прашање каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа – подвлече Таравари.

Според неговите информации, имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

Поврзани новости