Кузеска: Граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска со првична информација за изборите кои се одржаа денеска. Кузеска напомена дека изборите поминале мирно, фер и демократски.

„Имавме мирен, достоинствен и успешен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на членка на НАТО. Неправилности се констатирани, но минимални. Правото на глас и слободата на одлучување се најзначајни во демократијата. Благодарност до граѓаните кои гласаа, граѓаните покажаа демократски капацитет, а институциите зрелост во организација на изборите“, рече Кузеска.