Шефот на американската одбрана: Не е донесена „конечна одлука“ за прекинатата пратка со оружје за Израел

Одлуката на претседателот Џо Бајден да ја запре испораката на муниција со голема носивост во Израел беше донесена во контекст на плановите на Израел да изврши офанзива во Рафах, на која Вашингтон се противи, без цивилни заштитни мерки, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Ние бевме многу јасни… од самиот почеток, дека Израел не треба да изврши голем напад во Рафах без да води сметка и да ги заштити цивилите кои се наоѓаат таму. И повторно, како што ја проценивме ситуацијата, паузиравме една пратка муниција со голема носивост“, рече тој на сослушувањето во Сенатот.

„Не донесовме конечна одлука за тоа како ќе се продолжи со таа таа пратка“.