Расте бројот на загинати во поплавите во Бразил, се трага по преживеани

by Fokus

Бројот на загинатите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул достигна 100, соопшти денеска државната управа за цивилна одбрана.

Спасувачките служби информираа дека 128 лица се водат како исчезнати.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва вчера побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, поради што раселени се околу 150.000 луѓе.

Поврзани новости