Тимот на е во лоша резултатска позиција, откако ги загуби првите два натпревари на домашен терен против Минесота, во рамки на полуфиналната серија на Западот.

Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем кој го има тимот, бидејќи канадскиот кошаркар Џамал ​​Мареј покрај тоа што не импресионираше на тие средби, а поради хаос кој го направи на вториот меч, ќе мора да плати и казна од 100.000 долари!

Џамал ​​Мареј им покажа на судиите дека се подмитени, им се впушти во лице и аплаудираше по контроверзните одлуки, а потоа гаѓаше кон еден од нив додека седеше на клупата. Мареј фрли дел од медицинска опрема кон еден од тројцата судии, предмет кој ја подобрува циркулацијата и испраќа крв до делот од телото на кој е прикачен. НБА реши жестоко да го казни поради тоа!

Иако имаше индикации дека Џамал Мареј може да биде дури и суспендиран, сепак казната за играчот на Денвер ќе биде само парична казна. Поради сите прекршоци кои ги направи на вториот меч против Минесота, Мареј ќе мора да ја плати одредената сума пари.

Канаѓанецот беше олеснет во џебот, но во Денвер можат да бидат задоволни бидејќи беше избегната суспензијата. Тоа значи дека актуелните шампиони на НБА лигата ќе заминат во Минесота во полн состав, па ќе можат рамноправно да се борат кога во прашање е одбрана на титулата, иако ни малку нема да им биде лесно.

На првите два меча меѓу Денвер и Минесота, Мареј на теренот мина 70 минути и за тоа време постигна само 25 поени, со исклучително слаби проценти на шут. Погоди 7/24 за два поени, додека за три имаше само два удари од осум обиди.