Македонија
8. May 2024 - 17:41

Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%

Излезеноста до 17 часот на претседателските избори изнесува 42,32 отсто. Најголема излезеност во моментов има во Новаци, а најмала во Липково. Во споредба со изборите во 2019, излезеноста е зголемена за 7,19%. Во споредба со првиот круг забележано е зголемување од 0,01%.

Излезеноста до 17 часот на парламентарните избори изнесува 46,93 отсто. Најголема излезеност во моментов има во Кривогаштани, а најмала во Маврово Ростуше. Во споредба со претходните избори, излезеноста е поголема за 8,15%.