Тракторист прегазил жена во скопско Ржаничино

287

Тракторист прегазил жена во скопско Ржаничино, стои во полицискиот билтен на МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Ржжаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – појаснуваат од полицијата.