Линкови за пристапност

За речиси 5 отсто помал одзивот за претседателските од парламентарните избори


Парламентарни и претседателски избори во С. Македонија, 8 мај 2024 година
Парламентарни и претседателски избори во С. Македонија, 8 мај 2024 година

Во генерално мирна атмосфера и со поголем одзив за парламентарните, отколку за претседателските избори – така поминува денешниот изборен ден. Според податоците на Државната изборна комисија до 15 часот излезеноста за претседателските е нешто над 32 проценти, а за парламентарните избори е речиси 37 отсто. Разликата од скоро 5 проценти на територијата на целата држава се должи на значително помалиот одзив за претседателските избори во средините каде доминира албанската заедница.

На пример, во Тетово излезеноста за парламентарните избори е 38 отсто, а за претседателските само 21 процент. Слична е ситуацијата и во Сарај – за претседател до 15 часот излегле да гласаат само 12 отсто од впишаните избирачи, додека за парламентарните избори тој процент е речиси 34. Во скопски Чаир за изборите за пратеници излегле да гласаат околу 34 проценти од избирачите, а за претседател само 20 отсто. Дел од актуелните политичари од албанскиот блок, на социјалните медиуми, во живо, пренесуваа како се појавуваат на избирачките места и земаат само едно гласачко ливче – она за парламентарните избори.

Изборниот ден тече без поголеми нарушувања на процесот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Дел од пораките на Државната изборна комисија беа и до избирачките одбори дека треба да им објаснат на гласачите дека имаат право да изберат дали ќе земат едно или две избирачки ливчиња и дека граѓаните имаат право само еднаш да се појавата и да гласаат на избирачкото место.

„Не сакаме да ги исплашиме претседателите на изборните органи, но, доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, рече Дитмире Шеху од ДИК.

Јавно обвинителство
Јавно обвинителство

Јавното обвинителство и министерството за внатрешни работи оценуваат дека изборниот ден тече без поголеми нарушувања на процесот.

„Во овој момент станува збор за мал број на настани кои би можеле да имаат обележје на кривично дело и затоа генералната оценка е дека изборниот процес поминува без поголеми нарушувња“, вели Џељал Бајрами од комисијата на ОЈО за следење избори.

„Согласно информациите кои ги имам од утринава сите избирачки места се отворени и граѓаните може да го исполнат своето право на глас“, изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи.

За изборите за претседател на државата да бидат успешни потребна е излезеност од повеќе од 40 проценти. Преточено во бројки, ако до 15 часот гласале 550 000 граѓани, за да се избере шеф на државата на овие избори, до 19 часот треба да гласаат уште нешто над 170 000 граѓани.

XS
SM
MD
LG