Триесет повици за повреда на избирачко право до Народниот правобранител

Народниот правобранител прими 30 телефонски повици за повреда на избирачкото право. Во канцеларијата на Народниот правобранител едно лице и лично се обратило до нив, јавува МРТ.

Најголемиот дел од поплаките или десетина забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателски или за парламентарни избори. Неколку лица се јавиле и од старечките домови се пожалиле дека не можеле да го остварат своето избирачко право. Поплаки има и од вработени во приватниот сектор кои денес не биле ослободени од работните обврски.