Се откачи рингишпил на панаѓур во Србија- 13 повредени, меѓу кои повеќето се деца

На панаѓур во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпилот и во таа прилика се повредени 13 лица, од кои едно потешко, потврди за Танјуг лекарот од Здравствениот дом Куршумлија, Славиша Дошовиќ.

– Екипите се на терен. Засега едно лице е во тешка состојба и со возило на брза помош итно е префрлена во Прокупље – изјави Дошовиќ, пренесе Телеграф.

Вртелешката била поставена на платото кај автобуската станица, а МВР на Србија наведува дека полицијата и итната помош се на терен.

Досега во болницата во Прокупље влегле пет возила на Брза помош. Според неофицијални информации, повеќето од повредените се деца.