Кедев го освои и Макалу, петтиот највисок врв во светот!

37

Македонскиот кардиолог, Сашко Кедев, утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти и со ова стана првиот Македонец кој се искачал на овој врв. 

Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10. непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14. врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848 метри надморска височина), Нанга Парбат (8.126 метри надморска височина), Анапурна (8.091 метри надморска височина), Чо Оју (8.188 метри надморска височина), Броуд Пик (8.051 метри надморска височина), К2 (8.611 метри надморска височина), Далагири (8.167 метри надморска височина), Манаслу (8.163 метри надморска височина) и Лоце (8.516 метри надморска височина).

На врвот Макалу беше и Наила Киани, првата Пакистанка која се искачила на 11 врвови над 8.000 метри.