Излезност до 13 часот: На претседателските избори 22,88%, на парламентарните 25,77%

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На страницата на Државната Изборна комисија се внесени најновите информации за излезноста на двојните избори до 13часот.

За претседателските избори излезноста е 22,86%, додека за парламентарните 25,77%.

Вкупно гласале:

  • За претседателски: 406.205 граѓани
  • За парламентарни: 457.619 граѓани

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 проценти. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 процент.