Тошковски: Безбедносната состојба e стабилна -во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

48

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово изјави дека сите избирачки места се навреме отворени. Состојбата е стабилна. Но, кажа дека незкаонски дејствија имало вчера.

Во Охрид имало незаконски дејствија, злоупотреба на лични податоци, споделување во групи и за ова е известен јавен обвинител.

Незаконски дејствија имало во Крива Паланка, односно поткуп. На бензинска пумпа се давале бонови.

Во Велес е направен претрес кај лице и се најдени пари и пиштоли, но и списоци на луѓе кои требало да бидат поткупени. Лицето е во притвор.

Повреден бил и изборниот процес во Кичево, каде се забележани повеќе возила кои ги упавувале лица кои вршеле поткуп. Во Неготино, пратеник од една политичка партија, искористувајќи податоци кои требало да бидат тајни, за пари доделени на ИПАРД се јавувал кај луѓето и влијаел на нивното право на глас.