Во Радуша дупнати гумите на возилото на набљудувач

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инцидент на изборниот ден во скопското село Радуша. Биле дупнати гумите на возилото на еден набљудувач на изборниот процес, пренесува Фактор.

Набљудувачот бил од една политичка партија, при што пријавил дека некој му ги дупнал гумите. Членовите на партијата кажале дека го знаат организаторот на инцидентот.

На набљудувачи не им се дозволува да влезат во избирачките места. Велат дека ги пцуеле и навредувале. Инцидентот бил пријавен и во ДИК и во полиција.