„Тикток“ поднесе тужба поради закон што би можел да ja забрани платформата во САД

162

Платформата „ТикТок“ и нејзината матична компанија ByteDance поднесоа тужба до американскиот федерален суд барајќи да го блокираат законот со кој се бара „Тикток“ да се продаде поради нејзините врски со Кина или да биде укината во САД.

Компаниите поднесоа тужба до американскиот Апелационен суд за округот Колумбија, тврдејќи дека законот го прекршува Уставот на САД по повеќе основи, вклучително и заштитата на слободата на говорот со Првиот амандман, пренесува Ројтерс.

Законот, потпишан од Бајден на 24 април, ѝ дава на ByteDance рок до 19 јануари 2025 година да ја продаде „ТикТок“ или ќе се соочи со забрана.

Во тужбата беше истакнато дека законот кој се донесува ваква забрана е донесен за прв пат во историјата.