фото: Слободан Милевиќ / Влада на Република Србија

Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Си Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих на белградскиот аеродром. Покрај претседателот, Џинпинг беше пречекан и од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.

Домаќин на претседателот Си Џинпинг е српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

За време на дводневната посета на Си Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.

Организиран е и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.

Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.