Регистрирани технички проблеми со гласањето во Кочани, Куманово, Охрид, Тетово…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 9:30 Државната изборна комисија ја одржа првата прес-конференција за двојните избори. До ДИК биле доставени известувања за проблеми од техничка природа на гласачки места во Кочани, Куманово, Охрид, Тетово и Гази Баба, соопшти претседателот Александар Даштевски.

„Сите гласачки места се отворени и се гласа на сите места. На неколку места технички проблеми кои се решаваат со решение на ДИК ќе продолжи гласањето по стар начин, со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе продолжи нормално. Проблеми се регистрирани на избирачки места во Кочани, Куманово, Охрид, Тетово, Гази Баба. Во Гази Баба мислам дека е веќе решен проблемот. Приговори за избирачко право, имаме досега 15, кои се скоро сите прифатени, само три се одбиени од 15“, изјави Даштевски.