Македонија
8. May 2024 - 9:36

Паланчанец делел бонови од по 1.000 и 2.000 денари за гориво

Паланчанец делел бонови од по 1.000 и 2.000 денари за точење на гориво.

- На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа, соопшти МВР.

Според информациите од МВР, извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка.

„Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.