Метео аларм за Македонија: Невреме проследено со ветер, дожд, грмотевици

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 951 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,76%, а 38,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 61,46%, кон Итната медицинска помош 30,90%, а кон пожарникарите 3,47% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 758 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,17%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(38,24%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Три пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.15 часот, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалено ѓубре на површина од околу 1.000 m2 на ул. „Скупи“, кај “Агромеханика“ во Општина Карпош.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово со едно ПП возило и два пожарникара гаснеле запалено ѓубре во с.Долно Палчиште, Општина Боговиње.
Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 17.25 до 18.10 часот, со едно ПП возило и четири пожарникари , гаснеле запалена шума и ниска вегетација во с. Орашац, Опш. Куманово.

Според метеоролозите, денеска, ќе има локална појава на нестабилност, пороен дожд и грмежи, при што локално некаде процесите има можност да бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Препорачуваме и потсетуваме за голема внимателност при појавата на грмежите и молњите, односно силните електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.