Дома СВЕТ Хаос на аеродромите во Велика Британија: Луѓе затворени, проблемот е на национално...

Хаос на аеродромите во Велика Британија: Луѓе затворени, проблемот е на национално ниво!

247

Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка кај граничните служби. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите, пишува Дејли мејл.

Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.

Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците дека ова е национален проблем.

Една патничка изјавила за Дејли Мејл дека чекала во ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.

Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.