Политичка порака до Тел Авив: Вашингтон одложи неколку испораки на оружје за Израел

400

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во последните две недели одложи неколку пратки оружје за Израел, изјави денеска неименуван извор за Ројтерс.

Извор на „Политико“ близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на овој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.

Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.

Паузата во продажбата може да ја поткопа способноста на Израел да го обнови оружјето што го користи во Газа.