Ѕвезда лесно преку Мега во финалето на АБА лигата

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда ја декласираа Мега со 94:69 во вториот натпревар од полуфиналето во плејофот во регионалната АБА лига и се изборија за финалето.

По првиот меч кој го доби Ѕвезда, вториот на домашен паркет подобро го одби Мега и поведе со 9:0. Во тој дел од мечот Ѕвезда имаше тешкотии во нападот и дури во четвртата минута од првата четвртина нејзините кошаркари успеаја да ги впишат првите поени.

Но потоа Ѕвезда заигра многу подобро и сосема ја оправда фаворитската улога во оваа серија. Во втората четвртина „црвено-белите“ успеаја да дојдат до резултатски пресврт. И во одбраната и во нападот беа неспоредливо подобри отколку во првата делница/ Ѕвезда втората четвртина ја доби со резултат 28:11.

Во третата четвртина екипата на тренерот Јанис Сферапулос практично и го реши прашањето на конечниот победник во полуфиналето. Проработе шутот на Ѕвезда и тоа кај сите кошаркари, па овој период го добија со 13 поени разлика. Во четвртата делница им преостана само да го приведат дуелот кон крајот и постојано ја одржуваа предноста над 20 поени.

Одличен кај победниците беше Рокас Гиедраитсис со 20 коша, и воедно беше најефикасниот на мечот. Кан неговите соиграчи се истакнаа и Фреди Гилеспи со 16 поени и 6 скокови, а добра изведба имаше и Јаго Дош Сантош со 13 поени, 4 скока и 7 асистенции. Во тимот на Мега се издвојуваше Богољуб Марковиќ со 13 поени, 7 скокови и една асистенција.

Ѕвезда во финалето ќе игра со победникот од серијата меѓу Партизан и Будуќност, кои впишаа по една победа а мајсторката ја играат во петок во Белград.