Во Словачка повеќе од 1.100 закани за бомба во еден ден

113

Словачката полиција денеска забележала повеќе од 1.100 аларми за бомбашки напади, главно во училишта и банки, поради што започнала антитерористичка истрага со оценка дека таа добила „екстремни размери“.

„Денес во училиштата почнаа да пристигнуваат мејлови од 5 или 6 часот наутро“ – изјави Растислав Полаковиќ, помошник началник на полицијата и посочи дека станува збор за „особено тешко кривично дело терористички напад“.

Полицијата на Фејсбук објави дека со полн капацитет ја проверува безбедноста на училиштата и се обидува да ги идентификува оние кои се закануваат со бомби, а за тоа може да добијат доживотна казна затвор.

Лусија Форман, портпаролка на регионот на главниот град на Братислава, изјави за АФП дека „децата се евакуирани и полицијата работи“.