Избран е новиот премиер на Шкотска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално беше избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот.

Вчера беше објавено дека Свини е новиот лидер на СНП.

Тој претходно беше на чело на партијата од 2000 до 2004 година.

„Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција“, изјави претседателката на шкотскиот парламент Алисон Џонстон по гласањето.

Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот.

Свини беше избран на функцијата иако на СНП и недостасуваат две пратенички места за апсолутно мнозинство.

И покрај ова, СНП е најголемата партија во регионот и има 63 од вкупно 129 пратенички места.