Пропалестински протести се подготвуваат и на универзитетите во Шпанија

Студентите ширум Шпанија би можеле да започнат протести во наредните денови против „геноцидот што Израел го спроведува во Палестина“ по примерот на универзитетите во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.

На Филозофскиот факултет во Валенсија, приморски град на југозападот на земјата, студентите веќе една седмица спијат во шатори и секојдневно протестираат.

„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите кои соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот El Pais.

Во моментов бројни универзитети одржуваат состаноци на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.

„Студентскитe советe ќе одлучat за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на Палестиниум, група за солидарност со палестинските аспирации.

Лера, која има докторат по психологија на Универзитетот во Севиља, вели дека моментално се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и други градови.

Во понеделникот стотици студенти се собраа пред Универзитетот во Барселона каде ги развирија своите транспаренти.

„Сакаме нашите факултети да ги прекинат сите односи со Израел и компаниите што работат таму“, рече 24-годишниот Пабло Кастиља, дипломиран студент по јавна политика.

Во Мадрид сѐ уште нема протестни кампувања, но има протести. На автономниот универзитет во Мадрид, планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.

Друг јавен универзитет, Universidad Complutense de Madrid, објави декларација со наслов „Со Палестина, против геноцидот во Газа“.

„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.

„Сведоци сме на геноцид врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и неговата присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на универзитетот.

Шпанските универзитети имаат автономија, а полицијата не влегува во универзитетите по завршувањето на диктатурата на генералот Франциско Франко. Од 1975 година, неофицијално е забрането да се задушуваат секакви студентски протести. Меѓутоа, регионалната влада на Мадрид, во обид да ги спречи протестите на универзитетите во Мадрид, ги повика деканите на состанок за „да се отстрани политиката од училниците“. Исто така, околу 50 еврејски здруженија кои работат „против антисемитизмот во Шпанија“ испратија писмо до ректорите на универзитетите во кое бараат да се спречат сите видови на однесување што поттикнуваат „антисемитизам“ и „негирање на холокаустот“.

Со покраината на главниот град Мадрид управува конзервативната Народна партија (PP), чииштио највисоки функционери, вклучително и регионалната претседателка Изабел Ајусо, беа јавно фотографирани пред неколку месеци со израелски знамиња во рацете, поддржувајќи ја израелската воена операција во Појасот Газа, која дојде по крвавите од Хамас упад во јужен Израел кога беа убиени 1.200 луѓе, од кои околу 900 цивили, и земање на 250 заложници. За време на седуммесечната војна чија цел беше уништување на Хамас, како што тврди Израел, израелската армија уби повеќе од 40.000 Палестинци, од кои повеќе од две третини се деца и жени, ранети се уште 78.200 луѓе а уште 10.000 се водат за исчезната под урнатините.