Алкараз на удар: „Ќе јадам стаорец ако не се случи тоа“

2261
EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Карлос Алкараз, третиот тенисер во светот, веќе некое време не е во форма, а за него се зборуваше и во подкастот „Супер Москато“ на добро познатиот RMC.

Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.

„Да не бидам досаден, старите тенџериња прават добри супи, така што тука е Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато.

Тој тврди дека Алкараз се распаѓа.

„Алкараз се „распаѓа. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако еден ден не биде негов наследник. Ќе освои три Грен слем титули, нема повеќе. Тој е наследник на Анри Леконт“.

Алкараз треба да игра на Ролан Гарос каде лани играше во полуфиналето.