По четири дена од рудник во Босна и Херцеговина е извлечено телото на затрупаниот рудар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Спасувачките екипи на рудникот за јаглен „Мрамор“ кај Тузла дури денеска успеаја да го пронајдат телото на рударот кој пред четири дена со наноси беше затрупан во јамата, а лекарите можеа само да ја констатираат неговата смрт.

Асим Шехановиќ (51), кој бил водач на смената на рударите, се нашол во рудничка јама на длабочина од 170 метри кога во четвртокот се урнал таванот, а потоа останал блокиран со денови.

Екипите за пребарување и спасување веднаш почнаа со ископување на јагленот слој и со денови се бореа низ тесниот премин, но затрупаниот рудар не можеше да преживее.

Рудникот „Мрамор“ е еден од најстарите во БиХ, од кој и денес се вади јаглен. Таму рударите работат во исклучително тешки услови, бидејќи рачно копаат јаглен без помош на никаков алат.

На овој начин месечно од овој рудник се вадат меѓу 12 и 15 тони јаглен.

Шехановиќ беше оженет и татко на едно дете.