БиХ: По четири дена, извлечено телото на затрупаниот рудар од рудникот за јаглен

Спасувачките екипи на рудникот за јаглен „Мрамор“ кај Тузла дури во вторникот успеаја да стигнат до телото на рударот, кој беше затрупан со наноси во јамата, а лекарите можеле само да констатираат смрт.

Асим Шехановиќ, 51-годишник кој бил водач на смената на рударите се нашол во рудничка јама на длабочина од 170 метри кога во четвртокот се урнал таванот и останал блокиран со денови потоа.

Екипите за пребарување и спасување веднаш почнаа да ги ископуваат слоевите од јагленот и со денови се движеа низ тесниот премин, но затрупаниот рудар немаше шанси до нивното пробивње да преживее без воздух, вода и храна.

Рудникот „Мрамор“ е еден од најстарите во БиХ, од кој и денес се вади јаглен. Тамошните рудари работат во исклучително тешки услови бидејќи јагленот го копаат рачно без помош на никаков алат.

На овој начин месечно од овој рудник се вадат меѓу 12 и 15 тони јаглен.

Шехановиќ беше оженет и татко на едно дете.