Скопје има единствено кафуле од ваков вид – влезот е дозволен само за жени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Само жени, да, да, само жени, мажите кои сега влегуваат во кафеаната не им е дозволено да влезат. Станува збор за единственото кафуле од ваков вид кај нас, во кое само жени можат да пијат кафе и да бидат послужени“, вели репортерката на ТВ21.

Овој специјален локал се наоѓа во скопската населба Топанско Поле.

Идејата се роди како потреба на жените, забележавме дека на жените навистина имаат потреба, жените, нашите мајки да дојдат и да поминат малку време со своите деца на потивко и порелаксирано место и за децата и за нив. И покрај тоа што пред вратата има табла на која пишува само за жени, доаѓаат и мажи кои не го гледаат и за жал мораме да им кажеме дека мора да си одат, мене ми е жал но тие се правилата“, вели Садбере Алија Красниќи.

Освен тоа што служи жена, и јадењата кои се сервираат на овој локал се подготвени од жени.

Сите производи што ги имаме овде се подготвени од жени кои работат дома и се обидуваме да им помогнеме на некој начин да го прошират својот бизнис и релативно сите производи се домашни. Во текот на летото вработивме и студенти и ученички и ги вработив со голема желба за да видат како се работи и како се заработува младите девојки и размислуваме и оваа година да вработиме млади девојки“, вели Садбере Алија Красниќи.

Во локалот ја сретнавме и ќерката на сопственичката на локалот, Ерина, која е 14 годишна и која ги пречекува и служи гостите.

Зошто да не го користиме слободното време на работа, многу млади тоа време го поминуваат на телефон. Би им предложила да работат бидејќи е многу добро, заморно но многу добро“, вели Ерина Красниќи.

Инаку овој локал е отворен веќе една година, а сопственичката вели дека многу добро им оди.