Си Џинпинг пристигнува во Србија, ќе го пречекаат ловците „МиГ 29“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигува вечерва во Србија со својата делегација.

Според протоколите кои следат по посетите на големите светски државници, и престојот на кинескиот лидер во Србија, безбедноста ќе ја обезбедуваат околу 3.400 полицајци.

Според медиумите, делегацијата на Си Џинпинг брои околу 400 членови.

Тој од Париз ќе пристигне вечер во Белград, каде веќе се поставени знамињата кои се дел од добредојде на претседателот на Кина.

Сија ќе го пречекаат српските ловци МиГ-29 кои ќе го следат неговиот авион штом ќе влезе во воздушниот простор, а во негова чест на белградскиот аеродром ќе биде построена стража на Вооружените сили на Србија.

Покрај автопатот во Белград се поставени кинески и српски знамиња, а пред Палатата Србија ќе биде организиран и свечен пречек на кинеската делегација.

За време на заедничкиот ручек на двајцата претседатели, како што се додава, ќе се служат српски јадења и вина, а уметници ќе пеат на кинески јазик: прво песната „Татковино моја и јас“, а хорот „Чаролија“ песната „Убав цвет од јасмин“.

На крајот од програмата ќе се изведе и песната „Ова е Србија“.

Претседателот на Кина е придружуван од сопругата Пенг Лијуан, член на Главниот комитет на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, директор на Генералната канцеларија на Централниот комитет, како и член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија и министерот за надворешни работи, јавува Кинеското меѓународно радио.

Ова е прва посета на претседателот Кси на Европа во последните пет години, од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, а за време на оваа европска турнеја тој ќе посети само три европски престолнини – Париз, Белград и Будимпешта.