Путин положи заклетва и го започна петтиот шестгодишен мандат

332
EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO

Рускиот претседател Владимир Путин положи заклетва на инаугурацијата во Москва, преземајќи ја функцијата и отпочнувајќи го новиот петти шестгодишен мандат.

„Се колнам дека при вршењето на овластувањата на претседателот на Руската Федерација, ќе ги почитувам и штитам човековите права и слободи и правата и слободите на граѓаните, дека ќе го почитувам и бранам Уставот на Руската Федерација, ќе го штитам суверенитетот и независноста, безбедноста и интегритетот на државата и дека верно ќе му служам на народот“, рече Путин за време на церемонијата на положување заклетва во свечената сала на рускиот Кремљ.

На церемонијата присуствуваа повеќе од 2.500 гости, меѓу кои и членови на владата, членови на Државната дума и Советот на Руската Федерација, шефови на претседателската администрација, судии на Уставниот суд, како и претставници на дипломатскиот кор и познати личности.

Инаугурацијата на рускиот претседател традиционално се одржува во Големата палата на Кремљ.