Со коњи на планината Жеден – дестинација која ги воодушевува туристите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веројатно сте слушнале за спортот на јавање коњи. Ова е традиционален и многу стар коњски спорт, а можете да го практикувате и во Полог.

Екипата на ТВ21 ја посети туристичката дестинација Жеден планина. Почетната точка беше над селото Мерово, во местото Јабланица, атрактивно место и доста посетувано од љубителите на природата и јавањето коњи.

Има зголемена заинтересираност за јавеење коњи во оваа област од граѓаните кои сакаат да поминуваат време на природата, со коњите и сакаат да го искусат адреналинот на јавањето. Имер Хасани има шест коњи за јавање и нуди патувања на рамни и планински терени.

Хасани вели дека оваа работа ја започнал пред две години, а додава дека соодветниот терен и импресивната природа го зголемуваат интересот за туризмот во овој дел на земјата.

Две години. Тргнувањето е од селото Мерово до овде, тука е крајот, има прекрасен поглед, дестинациите се различни и кратки и овде низ Жеден. Трасата е час и половина и со се враќање е три часа и нешто со пауза. Правиме нешто помалку од осум километри, поминуваме низ планина, теренот е малку потежок, но за јавање коњ вреди“, вели Имер Хасани.

Но, што треба да знаеме за јавањето коњи!? Хасани вели дека коњите се мирни, а најважно е да не се плашиме и да одржуваме рамнотежа додека сме на коњот.

Коњите се мирни и се тренирани. Дури и за почетници вреди, не е пречка, најважна работа е да одржувате рамнотежа, не плашете се и уживајте во природата. Јавате коњ и уживате во природата, тука го отстранувате стресот и се релаксирате. Имаме различни цени, почнувајќи од пет евра до 30 евра. Имаме разни цени, зависи од дестинацијата што ќе го изберете“, додава Имер Хасани.

На нашето патување, чија крајна дестинација беше селото Саларево, од каде се гледа езерото Козјак, се приклучија и туристи. Дури и тие првпат пробуваат јавање на коњ, а велат дека биле изненадени од глетката што ја нуди природата на Жеден .

Доаѓам од Струга, живеам во Австрија, дојдов за оваа прекрасна глетка на природата и ги поканувам сите кои се во странство да дојдат да уживаат во оваа прекрасна глетка, да се релаксираат бидејќи на сите им е потребно. Јавањето коњ беше многу убаво, убаво искуство, поминавме без никаква опасност и конечно имаме убав одмор каде што можеме да уживаме во оваа глетка што ја имаме“, вели Дурим Азизи.

Прв пат пробав јавање, тоа беше навистина убаво искуство. Сакавме да го пробаме, дојдовме во селото Мерово и бевме презадоволни. На другите им предлагам да дојдат и да поминат викенд различен од вообичаениот, глетката е многу убава за да уживате во природата со коњите“, вели Линкеста Азизи.

Беше прекрасно искуство, дојдовме од Струга,  видовме на социјалните мрежи и дојдовме да пробаме, но беше многу добро искуство и глетката е многу убава, дојдовме со коњи. Беше многу забавно, на почетокот беше малку страшно, но потоа се навикнавме на коњите во групата, беше забавно, имавме и водач“, вели Лихнид Јакупи.

По возењето со коњи кое траеше повеќе од три часа, понекогаш на рамни, а понекогаш на стрмни терени, се вративме на местото на поаѓање.

Иако оваа област се нарекува Жеден планина, зелената природа и одморалиштата го прават овој дел едно од најубавите места во Полошкиот регион.