МИСТЕРИОЗНИ СКЕЛЕТИ БЕЗ РАЦЕ И СТАПАЛА ПРОНАЈДЕНИ ЗАКОПАНИ ПОД „ВОЛЧЈОТО ДУВЛО“ НА ХИТЛЕР ВО ПОЛСКА

    МИСТЕРИОЗНИ СКЕЛЕТИ БЕЗ РАЦЕ И СТАПАЛА ПРОНАЈДЕНИ ЗАКОПАНИ ПОД „ВОЛЧЈОТО ДУВЛО“ НА ХИТЛЕР ВО ПОЛСКАОд „Волчјото дувло“ се останати само бункери, засолништа и бараки во шумата Гјерлож во североисточна Полска и тие се отворени за туристи (Фото: АП)

    Пет скелети на кои им недостигале стапалата и рацете се пронајдени во некогашното седиште на нацистичката војска во денешна Полска. Оваа вила му припаѓала на еден од највисоките функционери на нацистичка Германија, Херман Геринг.

    Остатоците на тројца возрасни луѓе, бебе и на повозрасно дете се откриени од групата „Латебра“, која ја сочинуваат археолози-аматери, кои со дозвола копале на оваа локација со години.

    Никогаш не би очекувале да најдете вакво нешто на вакво место, најчуваното место во Третиот Рајх. После војната, Русите го имаат преземено местото. Сите се прашуваат што се случило тука. Ништо разумно не ни паѓа на памет. Дали ова можеби биле некои окултни ритуали на Третиот Рајх? Немаме идеја“, изјави Доминик Маркиевич, член на „Латебра“.

    Тој кажа дека е нејасно дали скелетите потекнуваат од Втората светска војна или после биде закопани.

    Телата биле пронајдени плитко закопани под местото каде што некогаш имало дрвен под. Форензичари кажаа дека поради состојбата на останките, невозможно е да се утврди идентитетот и причината на смртта на жртвите.

    Популарното Волчјо дувло служело како едно од главните воени заповедништва на Хитлер во Втората светска војна и се состоело од 200 структури на површина од 250 хектари. Било уништено од нацистичките сили при повлекувањето во 1945, додека Црвената армија се доближувала. Останати се само бункери, засолништа и бараки во шумата Гјерлож во североисточна Полска и тие се отворени за туристи. Вилата на Геринг во голем дел е пропадната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира