Македонија
7. May 2024 - 16:36

Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра

Советот на Евроспката Унија го одбри планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра.

За да ги користат овие пари, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и Босна и Херцеговина мора до Комисијата да поднесат реформска агенда со точно утврдени чекори кои ќе ги спроведат со следните три години. 

Главниот збор за одобрување на парите ќе го имаат земјите членки на Унијата, а нивната одлука ќе зависи од темпото на спроведување на реформската агенда.

6-те милијарди евра треба да го олеснат патот на земјите од регионот кон Европската Унија. Од оваа сума, две милијарди евра се во форма на грантови, а останатите четири милијарди евра се во форма на заеми. Плаќањата ќе се вршат двапати годишно.

Унијата главен фокус става на реформите поврзани со владеењето на правото и основните права.