Пронајдено големо количество оружје и муниција кај жител на Мелница

by Fokus

Основното јавно обвинителство Велес спроведе истрага против едно од двете лица кои вчера беа приведени поради основи на сомнение за поткуп при избори.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси.

Поврзани новости