Прегазено дете во Велес: со тешки повреди пренесено во Скопје

by Fokus

Синоќа во Велес било прегазено малолетно лице на главната улица „Благој Ѓорев“.

Како што соопшти СВР Велес, синоќа во 21:55 часот било пријавено дека патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р. удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

Поврзани новости