Драматично предупредување од Унгарија: Oва е преминување на сите црвени линии

1200

Присуството на европски и американски војници во Украина, за чија можност повторно најави францускиот лидер Емануел Макрон, ќе значи преминување на сите црвени линии, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Донесовме одлука дека ќе направиме сѐ за да избегнеме директна конфронтација меѓу НАТО и Русија. Ако која било земја-членка на Алијансата испрати војници во Украина, тоа ќе биде директен конфликт со Русија, односно почеток на третата светска војна – рече тој.

Токму затоа, додаде Сијарто, официјална Будимпешта зборовите на Макрон ги смета за сериозна „закана“.

Тој рече и дека Унгарија воопшто не е заинтересирана за ескалација на конфликтот бидејќи се наоѓа веднаш до Украина.

– Наместо да се размислува за испраќање ново оружје и војници во Украина, потребно е да се објави прекин на огнот и да се започнат мировни преговори – посочи Сијарто.

– Нашиот став е дека тоа не е наша војна, не е европска војна. Европа не беше нападната. Тоа е војна меѓу две земји, а ескалацијата на таа војна е многу опасна – заклучи унгарскиот политичар.