Хамас ќе ослободи само 18 заложници доколку Израел не ја прекине војната

Хамас вели дека ќе ослободи само 18 заложници доколку Израел не се согласи да стави крај на војната, објави Си-Ен-Ен во вторникот.

Медиумот исто така, посочува рече дека Хамас одбил да ослободи само живи заложници во првата фаза од договорот и инсистирал на тоа дека доколку 33 заложници бидат ослободени, тие ќе вклучат и некои од убиените. Терористичката група, исто така, бара Израел да не може да се спротивстави на ослободување на кој било затвореник од своите затвори, отворајќи го патот за ослободување на Марван Баргути, кој е во затвор повеќе од 20 години откако беше осуден за повеќекратни убиства. Тој се смета за водечки кандидат за замена на претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас.

Меѓу пријавените барања на исламистичката терористичка фракција било и да се дозволи Палестинците кои Израел ќе ги ослободи, да останат на Западниот Брег и да не бидат протерани во Газа како што бара Израел. Хамас бара ослободување на 20 Палестинци– за секој ослободен израелски заложник и 40 – за секоја жена војник.
Најавеното одобрување на прекинот на огнот од страна на Хамас, кое беше објавено во понеделникот, не го спречи почетокот на израелската акција во Рафах. Израел го отфрли барањето за прекин на војната и вели дека Хамас дал радикален предлог, кој не бил прифатлв. Сепак, израелска делегација ќе присуствува на разговорите во Каиро, поради обвинувањата дека САД му „поставиле стапица“ на Израел.

Претходните извештаи тврдеа дека според предлогот на Хамас, првата фаза од договорот ќе трае 42 дена, при што Хамас ќе ослободи 33 израелски заробеници, вклучувајќи жени (цивили и војници), деца (на возраст под 19 години кои не се војници), возрасни (над 50 години), како и болни и повредени цивили.
Хамас би ослободил 3 заложници на третиот ден од договорот, потоа уште три на секои 7 дена и на крајот сите останати. Доколку бројот на живите израелски заложници не достигне 33, Хамас ќе ја надополни разликата со вратени тела од истата категорија. Во втората фаза, сите преостанати живи израелски мажи, цивили и војници ќе бидат ослободени. Во третата и последна фаза ќе има размена на тела и посмртни останки.

Во понеделникот, Воениот кабинет повторно се состана за да утврди дали делегацијата што оди во Каиро ќе добие мандат да води преговори. Кабинетот едногласно одлучи „дека одговорот на Хамас е слаб и Израел не може да го прифати“.

Предлогот на Хамас, објавен во арапските медиуми
Хамас ќе ослободи живи или мртви заложници според категории во нивните соодветни фази. Во замена за постепено ослободување на сите израелски заложници, Израел ќе ослободи 50 затвореници за секоја жена заложник од првата фаза (вклучувајќи 30 затворенички кои отслужуваат доживотна казна), врз основа на списоците на Хамас.
Во текот на првата фаза, Хамас ќе ослободи 3 заложници на третиот ден од договорот, а потоа ќе ослободи уште 3 на секои 7 дена, почнувајќи од жени (цивили и војници). По шестата недела, Хамас ќе ги ослободи сите цивилни заложници вклучени во оваа фаза.
За возврат, Израел ќе ги ослободи палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори, според списоците поднесени од Хамас. Хамас тврди дека ќе се обиде да обезбеди информации за бројот на израелски заробеници што треба да бидат ослободени во оваа фаза. На 22-ри ден, Израел ќе ги ослободи сите затвореници од договорот со Шалит кои беа повторно уапсени.
Според предлогот на Хамас, за време на првата фаза кога Хамас ќе ослободи 33 мртви или живи заложници, Израел ќе мора да ги ослободи сите жени и деца под 19 години кои беа уапсени во Газа по 7 октомври. Оваа размена мора да се направи до петтата недела од првата фаза од барањата на Хамас.

Процесот на размена е сложен и поврзан со усогласеноста со условите од договорот. Договорот вклучува взаемен прекин на непријателствата, повлекување на израелските сили, враќање на раселените лица и влез на хуманитарна помош. Во исто време, договорот повлекува правни процедури потребни за да се осигура дека ослободените палестински затвореници нема да бидат уапсени под истите обвиненија.

Првата фаза не претставува основа за преговори за втората фаза. Во текот на првата фаза, ќе бидат укинати казните изречени за затворениците во израелските затвори по 7 октомври.
Во оваа фаза ќе има привремен прекин на воените операции меѓу двете страни и повлекување на израелските сили долж границата со Газа. Летовите ќе бидат суспендирани и над Појасот Газа 10 часа дневно и 12 часа во деновите на ослободување заложници.
Исто така, раселените жители на Газа ќе се вратат во своите домови невооружени додека ИДФ ги повлекува населените области, демонтирајќи ги сите објекти и воени постројки во оваа област. Хамас исто така бара на жителите на Газа да им биде дозволено слободно да се движат во Газа, а хуманитарната помош непречено да влегува во Газа.
Покрај значителното зголемување на хуманитарната помош, Хамас бара влез на гориво кое, според терористичката организација, ќе се користи за стопанисување со болници, бизниси, електрани и опрема за отстранување на остатоци од првиот ден од спроведувањето на договорот.
До 16-тиот ден од договорот, двете страни ќе започнат разговори за заложниците и затворениците од втората фаза. Во оваа фаза, Хамас ќе ослободи машки војници и мажи и двете страни ќе се договорат за главните детали до петтата недела од првата фаза.

Од почетокот на спроведувањето на договорот, меѓународните агенции со седиште во Газа, вклучително и УНРВА, ќе обезбедуваат хуманитарни услуги во Појасот Газа, во текот на целиот договор. Дополнително, ќе се обнови инфраструктура, вклучувајќи вода, струја, канализација, патишта и комуникација во сите области на Појасот Газа и ќе биде донесена потребната опрема. Исто така, жителите кои ги загубија своите домови ќе бидат сместени во привремени домови, камп приколки и шатори додека Газа се обновува.

Од првиот ден на првата етапа, на преминот Рафах ќе им биде дозволено да поминат на не помалку од 50 повредени воени лица. Земјите и ОН ќе ја надгледуваат сеопфатната реконструкција на домовите, цивилните објекти и инфраструктурата што беа уништени поради војната. Сите чекори во оваа фаза ќе продолжат во втората фаза додека не се прогласи траен прекин на огнот.
Втората фаза ќе се карактеризира со прекин на огнот и ослободување на сите преостанати израелски мажи во замена за „заемно договорен број затвореници“ од израелските затвори и целосно повлекување на Израел од Појасот Газа. Во третата фаза ќе има размена на тела и остатоци од двете страни. По завршувањето на размената, Газа ќе биде обновена во следните 3 до 5 години, вклучувајќи домови, цивилна инфраструктура, компензација за сите погодени лица, а опсадата на Газа ќе биде укината. Катар, Египет, САД и ОН ќе го поддржат договорот.

Првата фаза ќе започне без траен прекин на огнот
Заменикот на Јахја Синвар, Калил ал-Хаја, во понеделникот рече дека Хамас се согласил да ја започне првата фаза од договорот дури и без постојан прекин на огнот. Според него, првата фаза ќе вклучува повлекување на ИДФ во пограничната област, а во втората фаза Израел ќе се обврзе на траен прекин на огнот.

„Во овој договор ги постигнавме целите за прекин на огнот, враќање на раселените, хуманитарна помош и сериозен договор за размена. На првиот ден од првата фаза од договорот, постои јасна определба за привремено запирање на воените операции. Нема ограничувања за враќање на раселените, а тоа е јасна одредба во договорот, според предлогот што го одобривме, Израел ќе се повлече на третиот ден од улицата Рашид, а раселените ќе можат да се вратат а на 22-от ден Израел ќе се повлече од улицата Салах ал-Дин“, додаде тој.